Image16 Сеп 2021

ДОНАЦИЈА ОД АДИНГ НА ООУ ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ – СКОПЈЕ, ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ЅИДНИ ПОВРШИНИ

Како дел од континуираните општествено одговорни активности на АДИНГ и во годината во која одбележуваме 2 јубилеи на нашите ќерки фирми „30 години Бизнис Центар Адинг“ и „20 години Инвест А“,  реализиравме уште една донација.

Непосредно пред почетокот на учебната година, во ООУ Ѓорѓија Пулевски во општина Аеродром - Скопје, санирани се ѕидни површини на ходниците од приземјето и I-кат, со приближна површина од 300m2. Истите се наоѓаат во деловите од училишната зграда каде се одржува настава со продолжен престој.

Донацијата е во целост реализирана со примена на материјали од производната програма на АДИНГ, а за изведбата беше задолжена ИНВЕСТ А.

Фотографии од постоечка состојба:

Фотографии од санациони работи:

Фотографии по извршена санација: