Image30 Ное 2021

АДИНГ БЕЛГРАД ДОБИТНИК НА ПЛАКЕТА ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА КАТЕДРАТА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТЕХНИЧКИ НАУКИ ВО НОВИ САД

На 23.11.2021 година, Катедрата за градежништво и геодезија на Факултетот за технички науки во Нови Сад, одбележа 50 години од својата прва студиска година. 

На свеченото одбележување на јубилејот во присуство на претставници на Владата на Р.Србија, управата на градот, факултети, партнерски институции и компании од Србија и регионот, катедрата ја промовираше монографијата која сведочи за нејзиниот раст и развој во изминатите 50 години.

Доделени беа награди на најдобрите студенти, златни индекси на прва генерација студенти од 1971 година, како и плакети на заслужни професори, факултети, институции и компании со кои Катедрата успешно соработува долги години.

АДИНГ БЕЛГРАД беше една од компаниите кои добија плакета за исклучителен придонес за развојот на Катедрата за градежништво на Факултетот за технички науки во Нови Сад.